Попоски: Од утре сме опозиција, ќе бидеме различни од вас

Од:

Потребна е конструктивна опозиција, власта треба да унапреди некое дело. Оној што е опозицијата треба да стане од сабајле и да искритикува. Од утре ќе почне нов период, кога ќе ве критикуваме. Оправдано или не, вие добро критикувавте. Господине Заев, сакам да ве потсетам дека доверба се гради чекор по чекор. Вие од почетокот покажавте дека сакате да избришете патос со демократијата, преку Собранието, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски.

– Ве уверувам дека секоја ваша погрешна постапка, ќе ве оддалечува од Македонија. Македонија не почнала со нас, нема да заврши со вас. Реформи во секој домен ни се потребни. Но вие треба да покажете дека ќе прифатите критика. Нема да ви помине тоа дека ВМРО е криво за едно или друго. Ние од утре сме опозиција. Треба да ве поддржуваме во работите, а од вас ќе се очекува развој и човечна влада. Не потсетивте дека потребна е конструктивна опозиција. Но, вие, кој ова го кажувавте, две години блокираа Собрание. Вие повикувате дека ВМРО-ДПМНЕ треба да биде конструктивна, а јас се согласувам. Ние треба да бидеме опозиција различна од вас, бидејќи имаме должност кон сите граѓани, рече Попоски.

Тој истакна дека на СДСМ ќе им треба многу повеќе од неколку слатки зборови за да ги убедат другите дека може да владеат нормално.

– Барањето кое го упативте за поддршка и програмата е беспредметно, бидејќи овде се ангажирани цели школи за препишување. Ако не можете да смислите добри мерки за одење напред, треба да прифатите туѓа. Очекуваме резултати какви што ветивте. Сакам да ви порачам една друга работа, дека ќе бидеме тука за предлози и сугестии за подобро општество. Но нема да бидеме тука за темните страни. Сега покажавте дека сте склон кон закани, за секој кој не мисли како вас. Јас сметам дека ова е момент на тест и за тоа како ќе се однесувате во иднина, а јас сакам да се однесувате поинаку, кажа Попоски.

Би можело да ве интересира

Утре на пленарна седница ќе биде дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025 година

Собранието ќе одлучува за дополнетиот ребаланс на Буџетот одобрен од Владата

Мицевски: Владата има луѓе, има механизација сега и се справува со сите можни и неможни позиции коишто ги има

Левица: Африм Гаши, уценет од ВМРО-ДПМНЕ, илегално ја поништи закажаната Надзорна расправа за Кочани

Собранието ги донесе реформските закони за дигитална трансформација

На 9 јули пратениците ќе расправаат за интерпелацијата за претседателот на Уставниот суд