Попоски на форумот „Еден појас, еден пат” во Пекинг

Од:

Техничкиот министер за надворешни работи Никола Попоски утре и задутре ќе учествува на форумот „Еден појас, еден пат” што ќе се одржи во Пекинг, Народна Република Кина.

Како што соопшти МНР, форумот е посветен на аспектите на реализацијата на кинескиот проект „Еден појас, еден пат” насочен кон инфраструктурно поврзување на Азија, Европа, Блискиот исток и Африка, со кој досега се опфатени 65 земји.

Предвидено е учество на 28 шефови на држави и влади, како и на голем број високи претставници на држави и меѓународни организации.

Попоски ќе има обраќање на Форумот во кое ќе ги елаборира ставовите и приоритетите на Република Македонија во контекст на проектот „Еден појас, еден пат”, како и натамошната билатерална соработка со НР Кина.

Би можело да ве интересира

Кина ги предупредува САД и Израел: „Не го допирајте новиот лидер на Иран“

Кина бара прекин на нападите и почитување на суверенитетот на Иран

Си направи голема „чистка“ во Кина

Кина ги престигна САД

(ВИДЕО) Голема експлозија во продавница за пиротехника, најмалку осум лица загинаа, а има и повредени

(ВИДЕО) Трамп: Ако Кина ја преземе Канада ќе го укине хокејот