Попоски: Mакедонија ќе направи се за решавање на наметниот спор

Од:

„Република Македонија има намера да направи што е можно поповолна клима за да има какво било придвижување во насока на решавање на наметнатиот спор од Грција по однос нашето уставно име. Нашата цел е дефинитивно да има исчекор и ова неразумно и неоправдано блокирање на македонското интегрирање во рамки на ЕУ и НАТО кое ни го има наметнато Грција со блокадата врз основа на спорот да биде надминато и отстрането“ изјави министерот за надворешни работи Никола Попоски.

„Со реторика со која едноставно само се префрла топката, а ништо конкретно не се прави за надминување на спорот од страна на Атина, под закрила дека има повисоки приоритети за кои ние сме сосема свесни, мислам дека е целосно неоправдано, вели министерот Попоски.

Шефот на македонската дипломатија смета дека во овој момент најдоброто што може Македонија да го направи е конзистентно и принципиелно да опстои на нејзиниот пат.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија