Попоски: Интегрирањето во ЕУ најдобар модел за надминување на билатералните разлики

Од:

Процесот на интегрирање во Европската унија е најдобриот модел што ни овозможува да надминеме каква било билатерална разлика, истакнал шефот на македонската дипломатија Никола Попоски  на денешната Конференција на министри за надворешни работи од Југоисточна Европа, што во организација на Институтот АСПЕН, се одржува во Берлин.

Министерот Попоски  во изјава за МИА вели дека  таа негова оценка е потврдена и од другите учесници на конференцијата. Со неговите колеги од земјите кандидати и потенцијални кандидати за членство во ЕУ ги објасниле перспективите и предизвиците со кои се соочуваат во евроинтеграцискиот процес. Клучната порака од Германија и Унгарија, предводници на панелот како земји-членки на ЕУ, била дека Унијата останува посветена на зачленувањето на сите земји од балканскиот регион .

– Сметаат дека тоа е исклучително значајно за натамошниот развој на мировниот проект наречен Европска унија.Од нивна страна исто така беше искажана целта да се задржи кредибилитетот во динамиката на проширувањето, наведе Попоски.

Повеќе панелисти истакнале дека е значајно е да се задржи принципот на условеност, односно кога се исполнуваат условите да се прејде во следната фаза.

– Четири години ги имаме исполнето условите за почеток на преговори, таа препорака од Европската комисија очекуваме да биде поддржана од страна на сите, повторувам сите земји-членки на ЕУ. Тоа е нашата цел и сметам дека на еден таков начин можеме да потврдиме колку сме сите посветени на реализирање на тој мировен проект кој гарантира економски просперитет и стабилност не само на Балканот, туку и во цела Европа, рече Попоски.

На маргините на конференцијата шефот на македонската дипломатија Попоски имаше  и неформални билатерални разговори со речиси сите учесници, вклучително германскиот колега Гвидо Вестервеле,  унгарскиот колега Јанош Мартоњи и колегите од регионот,  од БиХ, Албанија, Косово, Хрватска, Црна Гора.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани