Попоски: Има сериозен напредок во односите со Грција

Од:

Многу сериозен напредок е направен во изминатиот период во односите меѓу Македонија и Грција, а соработката и комуникацијата со јужниот сосед се подобрува благодарение на низата преземени мерки, смета носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалициајта За подобра Македонија, министер за надворешни работи, Никола Попоски кој говореше на тема дипломатија и меѓународни односи.

Колку подобро и порелаксирано опкружување имаме, вели Попоски, толку ќе биде подобро за Македонија. И тоа не се прави, како што рече, за да се задоволат другите, туку за да се изгради подобра позиција за нас.

„Токму затоа и седнавме и направивме цела една лепеза од мерки кои ги применуваме и верувале или не ние дојдовме во фаза во која нашите оператори потпишуваат договор за гасно поврзување помеѓу Македонија и Грција, нешто што 15 години во минатото беше блокирано од политички причини“, појасни Попоски.

„Дојдовме до таму и да можат група историчари од Македонија со група историчари од Грција да седнат и да дискутираат врз основа на аргументи. Дојдовме до фаза во која се согласивме дека ние од наша страна треба да помогнеме поголем број на наши студенти кои се заинтересирани да имаат студентски престој во Грција и обратно до Грција да дојдат во Македонија. Тоа е голема придобивка, да видат дека ние сме образовани луѓе, со европски вредности и знаење. Луѓе кои се компатибилни со остатокот на Европа а не онака како што некој друг сака да не претстави и воедно ќе можеме да ги запознаеме сите тие кои доаѓаат во Македонија“, рече Попоски.

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ