Попоски и Џафери во НАТО: Се е подготвено Македонија да стане 29. членка

Од:

Северно-атлантскиот совет на НАТО денеска го усвои извештајот за напредокот на Република Македонија во однос на политичко-економските и воено-одбранбените реформи во рамки на Четиринаесеттиот циклус на Акцискиот план за членство во Алијансата.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, на состанокот на кој присуствуваа и македонските министри за надворешни работи и за одбрана, Никола Попоски и Талат Џафери, констатирано е дека нашата земја ги исполнува сите политичко-безбедносни услови да стане 29. земја-членка на НАТО, но поради нерешениот наметнат спор за името тоа не може да се случи.

Според информациите, успешно и со поддршка за нашата земја минал и билатералнио состанок на нашите министри со заменик-генералниот секретар на Алијансата, Александер Вершбоу.

Според шефот на македонската дипломатија, клучни пораки што денеска се адресиравани од него и министерот Џафери се дека 14 години Република Македонија е докажан, стабилен партнер на НАТО и дека ќе продолжи тоа да биде и да се однесува како де факто да е земја-членка.

– Годинава е шеста година по првото констатирање Македонија ги исполнува сите услови за членство, од Самитот во 2008 година, од кога Грција се спротивставува на влезот на Македонија под условите дефинирани во Времената спогодба од 1995 година. Третманот што ова прашање го има во рамки на приклучувањето на нашата земја во Алијансата е дека се работи за прашање што нема влијание врз стабилноста на регионот. А, ние потенциравме дека Македонија ќе продолжи во следниот период да вложува напори за надминување на билатералниот спор и целосната посветеност, како да е земја-членка во НАТО, со учество во сите операции што Алијансата ќе ги води во иднина, констатираше министерот Попоски.

Според него, со аргументите што ги има нашата земја, партнерите во НАТО имаат доволно елементи за да одлучат час поскоро да се случи Македонија да стане 29. земја-членка на Алијансата.  Во однос на тоа дали на состанокот со Северно-атлантскиот совет (НАК) имало забелешки од амбасадорите во однос на реформите во Македонија, министерот за надворешни работи рече дека државата продолжила и по 2008 година да го прави Акцискиот план и покрај тоа што пред пет години е заклучено дека ги исполнуваме сите критериуми.

– Ги информиравме нашите партнери за сите напори што ги правиме и реформите во политичкиот дел и во неполитичките делови, нагласувајќи дека сите реформи што ги правиме се пред се во интерес на граѓаните на Република Македонија и даночните обврзници и тој процес ќе се одвива и по формалното зачленување на нашата земја во НАТО, рече Поповски.

Во однос на напредокот на Македонија во безбедносниот дел, според министерот за одбрана Талат Џафери, заедничка констатација на амбасадорите на земјите-членки на НАТО денеска била дека Македонија и понатаму продолжува да ги одржува сите постигнати вредности од 2008 година, констатирани на Самитот во Букурешт.

– Армијата на Република Македонија и Министерството за одбрана ги одржуваат сите квалитети покажани и до Самитот во 2008 година, а и понатаму со Мисиите во Авганистан, Босна и Херцеговина и во Либан. Тоа значи дека и покрај ограничувањето во буџетот, Министерството за одбрана продолжува со успешните мисии. А, она што е позитивно истакнато е фактот дека Регионалниот тренинг-центар за комуникации во Скопје е прераснат во Регионален НАТО-центар, што е достигнување на Армијата на Република Македонија и нашето министерство. Ние ќе продолжиме и во другите регионални иницијативи да ги исполнуваме нашите определби, за тие иницијативи да ги доведеме на рамниште како да се НАТО-институции, вели Џафери.

Во однос на модернизацијата и опремата на македонската армија, односно долгорочниот план за развој на одбраната, според министерот за одбрана е искажана поддршка за тоа дали Македонија ќе може да ги исполни определбите за одбраната по кредит-системот што е промовиран, како и со промена на приоритетите во модернизацијата од воздушни во конпнени сили, покажале и е нотирана како позитивен исчекор на МО и Армијата во напорите да се достигне оперативност.

Со завршувањето на денешниот 14. состанок во рамки на Северно-атлантскиот совет на НАТО и Република Македонија, продолжува успешното функционирање на нашата земја со најголемата воено-политичка организација во светот, што не може да заврши со наше полноправно членство, како што споменаа министрите, само поради блокадата од Грција.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Во сложениот геополитички контекст во Европа мораме да бидеме одговорна членка на НАТО

Катерина Ѓуровски

НАТО и се закани на Кина

Муцунски: Ќе се залагам за градење и одржување силни и цврсти односи со сите значајни меѓународни партнери

A1on

Претстојниот Самит на НАТО и поддршката за Украина, главни теми на средбата на министрите за одбрана на Алијансата

Горан Наумовски

МВР демантира дека во возило на МНР управувано од возач вработен во Министерството била пронајдена дрога

А1он

Кина би можела да организира мировна конференција на која ќе учествуваат Русија и Украина најави Лавров