Попоски: Брисел со јасна порака – да се почитуваат демократските институции во Македонија

Од:

Во Брисел вообичаено не сакаат да навлегуваат во шпекулации, па ниту еден од моите соговорници овие два дена не одеше во разработка на некакви сценарија. Но, тоа што тие принципиелно го упатија како порака е дека не е прифатливо да се дејствува вонинституционално и дека треба да се почитуваат демократските институции.

Ова за МИА го изјави министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски по завршувањето на неговата дводневна посета на европската престолнина каде се сретнa со дваесетина високи преставници на Европската унија и европарламентарци.

Според она што го потврдува министерот Попоски по денешните средби со Пјер Вимонт (генерален секретар на европската служба за надворешни работи), но и со пратениците Роучек, Кукан, Свобода, Тенок, Нејнски, Јанаку, Брок и Подимата – никој во ЕУ не дава поддршка на уличното делување на најголемата опозициска партија во Македонија.

– Клучна придобивка за РМ е тоа што имаме покажано зрелост за дијалог и тоа е нешто што го имаме стекнато и воспоставено како стандард изминатите дваесетина години и тоа не смееме да го нарушиме. Јас мислам дека секој што ќе оди на уривање на овој стандард дека нема да наиде на одобрување во рамки на европските институции, додава македонскиот шеф на дипломатијата.

Клучна денешна средба на министерот Попоски беше Вимонт, кој е „десната рака” на баронесата Кетрин Ештон, која е прв човек на дипломатијата на Европската унија.

– Со него имавме отворен разговор, поврзан со регионот, перспективите за интеграција и предизвиците со кои што се соочуваме, но и оние прашања што се однесуваат на билатералните односи, дали во нашата комуникација со Грција, дали во дијалогот Белград-Приштина и европските перспективи на сите земји што се кандидати и потенцијални кандидати за членки на Унијата во нашиот регион. Во тој контекст со Вимонт говоревме за потребата да се задржи онаа динамика што досега се одржуваше во ЕУ за наградување на оние земји што остваруваат резултати во евроинтеграциите – ја пренесува атмосферата министерот Попоски од разговорите со генералниот секретар на европската дипломатска служба.

Според првиот човек на македонското МНР, нашето досие е специфично, оти подолг временски период не се исполнети оние препораки на Европската комисија во однос на почеток на преговорите. Тој вели дека треба да бидеме отворени во комуникацијата со европарламентарците и затоа овие два дена имал голем број на средби токму со претставници на европскиот законодавен дом, а во рамки на носењето на Резолуцијата на ЕП за Македонија.

– На европарламентарците им ги понудив нашите аргументи, а тие се дека ниту Грција, ниту Бугарија имаат некаков интерес за создавање на вештачка опструкција на нашиот пат кон ЕУ и двете земји треба да покажат посветеност на придвижување во овој правец, оти сепак се работи за кредибилитет на една зедница од која тие се дел, како земји-членки на Унијата. Разговаравме и за излегувањето на пратеници од најголемата опозициска партија од Парламентот и она што насекаде е клучна порака е дека капацитетот на демократските институции зависи од сите што учествуваат во него и секој индивидуално е одговорен да покаже зрелост за да се придонесе кон демократски дојалог заснован на аргументи и на факти и да извлечеме определни наравоученија кои ќе ни бидат помош во иднина да нема повторување на вакви ситуации, потенцира Попоски.

За крајот, како заклучок од неговата дводневна посета на седиштето на ЕУ, министерот за надворешни работи потенцира дека од своите соговорници добил порака дека Македонија имаме добро досие и добри резултати и треба да се сочека Ирското претседателство да даде оценка за тоа колку сме пристапиле сериозно кон градењето на добрососедство, но според него, останува и нашите соседи да покажат исто толкава посветеност.

– Декемврискиот Самит на Советот беше компромис меѓу објективната оценка дека треба да почнеме со преговорите и онаа реална опаструкција од Грција и Бугарија, со цел да се одложи за да може да се воведе определено условување. Во ниту една од дискусиите овде во Брисел не чув аргумент што би бил валиден зошто треба да се одложува почетокот на пристапните преговори за нашата земја и охрабрува фактот дека најголемиот дле од оние што ги носат одлуките се свесни дека Македонија ги има исполнето предусловите во континуитет и дека натамошно одложување не ги зголемува можностите за надминување на билатералните разлики. Затоа, треба да очекуваме една оценка од ЕУ која ќе се базира на фактите, што ни оди во прилог оти на терен, Република Македонија секогаш придонесува кон градење на добри односи, завршува Попоски, кој вечерва се враќа во Скопје.

Би можело да ве интересира

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов

МНР го осуди нападот врз цивилите во Газа: Ова е кршење на меѓународното право

Орце Костов