Попоски: Бојкотот на опозицијата e штетен за државата и за процесот на евоинтеграција

Од:

Бојкотот од опозицијата е незрела одлука и оди во прлилог единствено на оние кои бараат изговор повеќе да ги попречат евроинтеграциите на земјата, оцени денеска министерот за надворешни работи Никола Попоски.

– Првата забелешка што кој било независен набљудувач од надвор би ја имал во врска со ова прашање би била незрелост, односно неположување на тестот по однос на свесноста дека во една демократија во рамки на институциите се решаваат определени несогласувања и проблеми. Жалам што денеска нема претставници на опозицијата бидејќи ова е форумот на кој треба да дадам отчет што направила извршната власт и да продискутираме за тоа што може да направи во идниот период и пред се во рамките на заложбата за остварување на стартешките цели помеѓу извршната, законодавната власт и во рамки на сите политички сили во државата, а за кои имаме постигнато консензус дека РМ сакаме да биде членка на НАТО и ЕУ, рече Попоски пред собраниската Комисија за надворешни работи каде имаше експозе за 2012 и активностите и приоритетите на МНР за 2013 година.

Според него, потегот на опозцијата е на штета на сите. – Со таков пристап губиме сите, како од аспект на дебата во институциите, така и од аспект на перцепцијата која може да ја креираме надвор, а добиваат оние кои можеби имаат интерес да најдат изговор повеќе за неподдржување на таквите процеси. Не би го занемарил фактот што единствено таа вест има привлечено внимание во грчката медиумска сфера за разлика од какви било прекршувања на меѓународното право во изминатиот период. Единствена вест која се проби во Грција, а доаѓа од Македонија е токму најавениот бојкот и покажаната незрелост во таа дебата, рече Попоски за ефектот од бојкотот на опозицијата во однос на процесот на евроинтеграциите.

Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ изрази надеж дека проблемите на внатрешно-политички план нема да направат штета на нашиот евроатлантски пат и оти политичките партии од опозицијата ќе се вратат во институциите за да не дозволат на РМ, како што вели, „повторно да и се закачи нова табличка околу вратот, како што беше претходно, главен критериум за да добиеме датум за преговори повторно да биде поличикиот дијалог“.

– Се надевам дека инцидентите кои што беа пред неколку дена во Собранието ќе се надминат и дека ќе продолжиме во интерес на земјата заеднички да работиме за унапредување на работата внатре во Парламентот, но и на надворешен план. Јас останувам убедена дека тоа ќе се случи во периодот што е пред нас и дека самите нема да си правиме штета на себе. Останувам убедена дека сите заеднички ќе работиме во наредните три месеци за утврдување на преговарачката рамка и незагрозување на позициите на нашата земја за да добиеме датум за преговори, рече Бонева.

Оцени дека 2012-та беше исклучително значајна на надворешно политички план во однос на приоритетите фокусирајќи се врз пресудатат од Хаг, по која Грција и понатаму остана тврдо на своите ставови за блокада на Македонија.

Фокусот во наредната 2013–та, истакна Попоски, ќе биде на зацврствувањето на преговарачката рамка, скринингот за поглавната 23 и 24 и добрососедските односи, на кои Македонија интензивно работи, но тие потенцира тој, се двонасочна улица.

Би можело да ве интересира

МНР: Сиљановска Давкова да внимава на политичкиот дијалог со Грција

Орце Костов

Новиот состав на Собранието треба да се конституира најдоцна 20 дена по изборите

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов