Пополнети термините за тестирање за коронавирусот следните три дена, од четврток мобилни екипи ќе земаат брисеви

Од:

Изминативе два дена преку матичните лекари биле закажани 170 термини за тестирање за коронавирус, а со тоа зафатени сите термини за тестирање во следните два – три дена, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Поради големата потреба за тестирање, а за да се излезе во пресрет на сите пациенти, министерот Филипче најави мобилна екипа за земање брисеви.

„Со оглед на тоа што стигнуваат голем број барања за тестирање воведуваме уште еден модел за земање брисеви. Тој ќе биде во функција од утре пробно, а веќе од четврток и целосно. Се работи за мобилно тестирање, со возила од здравствените домови. Веќе е екипиран персоналот, има и соодветна количина резерва на брисеви. Таму каде што нема да може да се постигне, каде што ќе биде најголем притисокот преку матичните лекари да се закаже во пунктовите, а таму термините се пополнети, ќе се направи ротација по домовите на пациентите“, рече министерот Филипче.

Закажувањето за тестирање се врши исклучиво преку матичните лекари, а брисевите се се земаат на 14 пункта во државата. Министерот Филипче нагласи дека не е дозволено без закажан термин пациентите да доаѓаат на пунктовите бидејќи не смее да се дозволи метеж ниту согласно препораките на Владата за спречување на ширењето на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Филипче: СДСМ ќе одржи Конгрес на 7 јуни

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

(ВИДЕО) Филипче: Задоцнета e мерката на Мицкоски – нема намалување на цените на горивата

А1он

Филипче: Нема да дозволам цепкање на партијата

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски