Поплавите го оштетија коритото на Дабички канал во Прилеп, се отвори дупка

Од:

Штетување, дупка на коритото на „Дабички канал“ која е проиширена до работ на асфалтот пријавил жител на Припеп во регионалниот Центар на уравување со кризи.

– Регионалниот ЦУК Прилеп известува дека по јавување на граѓанин за оштетување на коритото на „Дабнички канал“ на ул. „Кеј 19 –ти Септември“ наспроти објект – зграда 3 и е направена дупка што е проширена до работ со асфалтот од улицата, се вели во информацијата од ЦУК.

Вработените во РЦУК Прилеп утврдиле дека таа дупка претставува опасност за непретпазливи минувачи и можно е евентуално пропаѓање на асфалтот при минување на потешки возила.

Известено е ЈП „Водовод и канализации – Прилеп“ и побарано е веднаш да се изврши обележување на местото за да се предупредат минувачите, а и возачите, да не поминуваат покрај самиот раб на коловозот.

За настанот е известена Единицата на локалната самоуправа (ЕЛС) Прилеп од каде што одговориле дека ќе превземат мерки во координација со МВР ПС Прилеп и другите надлежни институции.

Би можело да ве интересира

Петмесечно бебе со голема кашлица хоспитализирано во Прилеп

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка

Жена од Прилеп се заканувала дека ќе запали кафеана

Горан Наумовски

Одрон на патот Прилеп – Витолишта, сообраќајот се одвива отежнато

А1он