Поплавено Радовишко поле, урнати два моста

Од:

Поради силниот пороен дожд и надојдените води од Радовишка река, урнати се два моста кај селата Покрајчево и Злеово, а мостот кон селото Јаргулица што ги поврзува со магистралниот пат Струмица – Штип е во критична состојба.

Околу 1.500 жители од селото Злеово целосно се отсечени, а урнатиот мост им е единствена комуникација кон Радовиш и Струмица.

Градоначалникот на општина Радовиш Роберт Велков вели дека направените штети се големи во четири села во Радовишкиот регион. Поплавено е Радовишко поле, со големи штети на земјоделските култури, кои се сите под вода. Велков најави дека ќе го извести Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување.

Во село Ораовица село меѓу другото поројниот дожд има однесено и еден автомобил, а се направени и големи штети на земјоделските посеви.

Би можело да ве интересира

Поради излевање на Вардар пренасочен сообраќајот на патот Гостивар-Чегране, снег на Деве Баир, Делчево, Страцин и Пониква

Катерина Ѓуровски

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево

Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Катерина Ѓуровски

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Двајца малолетници запалија автобус паркиран пред училиште во Радовиш