Поплавени улици и домови во Битола, со градобијни ракети се растерувале облаците

Од:

Веќе час и половина екипите „Водовод“, „Нискоградба“ и ТППЕ Битола и останатите јавни претпријатија, делуваат на терен во насока на справување со поројните дождови кои попладнево ја зафатија Битола.

За само 15-тина минути заврнаа над 40 литри дожд на метар квадратен, со што се поплавија одредени улици и домови.

„Делувано е со градобијни ракети за растерување на тешки облаци со град. На терен се забележани многу електрични празнења, кои дополнително ја отежннуваа работата“, велат од општината.

Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска веднаш го повика и одржа состанок со Општинскиот кризен штаб, по што се дадоа насоки за следни делувања. Веќе е интервенирано во населбите Карпош, Јени Маале, населбите Баир, Дулие и влезот кај Лук Оил и ул. „Иван Милутиновиќ“.

На терен, екипите се уште интервенираат.

Дополнително, контактирано е со надлежните екипи на ЕВН подружница Битола, за постапување по нивните надлежности.

Контактирана е и добиена е поддршка од Дирекцијата и за заштита и спасување за делување на терен.

„Од Управата за хидрометереолошки работи велат дека оваа состоjбаta е навистина драматична“, стои во соопштението на општината.

 

Би можело да ве интересира

Обвинителство: Нова истрага за злоупотреби во РЕК Битола, кривична против осум физички и едно правно лице за злоупотреби

Горан Наумовски

Македонската филхармонија ќе гостува во Битола

Горан Наумовски

Мицкоски: СДСМ настапува со слоганот „се бориме за нашиот дом“, а заборавија дека до пред година дена управуваа со домот кому му ги уништија темелите

Европските пари под прашалник, неизвесности за битолската канализација?!

Koњановски: Нашата цел е Битола да ја направиме модерен и уреден град достоен за сите

Горан Наумовски

Битолчани доцнат со еколошкиот план – отпадните води ги поплавија роковите