Поплавени куќи по синоќешниот дожд во Куманово

Од:

Регионалниот ЦУК од Куманово известува дека по силниот пороен дожд што го зафати градот во вечерните часови, а поради неможноста атмосферската канализација да ги прифати големите количества вода, дошло до поплавување на куќи.

„Екипите од ТППЕ Куманово биле излезени на терен за испумпување на вода во село Черкезе. ЈП „Водовод“, била на улицата Никола Вапцаров каде што известува дека поради подигнување на нивото на реката има поплава на улицата, и на улицата „Србо Томовиќ”, бр.36. Таму имало поплавени подрумски простори, но случајот не можел да се реши веднаш и водата треба да се повлече“, велат од ЦУК.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Страшна буица го „проголта“ Големиот Кањон – бран висок 4,5 метри однесе сè пред себе

Горан Наумовски

Бројот на жртви во поплавите во Непал достигна 903

Бројот на жртви од поплавите во Непал и Тибет достигна 676

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

359 загинати – се стравува од нов бран наноси во Непал

А1он

Се зголемува бројот на жртвите и на исчезнатите од поплавите во Непал

Горан Наумовски