Поплавени и бараките на Општина Центар

Од:

Бараките на Општина Центар настрадаа во синоќешното невреме кое го зафати Скопје. Во дел од времените објекти навлегла вода, а вработените уште синоќа биле ангажирани да ги заштитат канцелариите и инвентарот за водата да не ги оштети.

Од таму велат дека не се предизвикани големи штети и дека станува збор за мало количество вода. Продолжија и утринава да ја црпат водата и да ја поправаат нанесената штета. Додаваат дека до вечер ќе се среди состојбата, но тлее страв од најавите на метеоролозите дека невремето ќе се повтори денеска.

Стручните служби на Општината, пак, се на терен и учествуваат во санирање на последиците од синоќешното невреме. Во поплавите настрадале градинките и училиштата кои се под надлежност на Општината.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар