Поплавени дворови и излеана река по невремето во дебарско

Од:

Заради обилните врнежи дожд што ја зафатија Општината Дебар и околината Регионалниот ЦУК Дебар информира дека има поплавено неколку подруми во населбата „Венес 2“ и во другиот дел од градот каде што на терен се излезени екипи од ЈП „Стандард“ и пожарникарите од ТППЕ Дебар, но немало некои поголеми материјални штети.

Исто така, од големите врнежи во атарот на село Долно Косоврасти реката којашто доаѓа од атарот на село Горно Косоврасти излегла од своето корито и го поплавила патот и блиската околина до течението со вода и со наноси од земјена и камена мешавина – лава/кал. На местото на настанот било веднаш интервенирано со градежна машина и со приватни камиони, по што патот и коритото на реката се исчистени и патот бил повторно прооден, велат од ЦУ.

Силните дожд и ветер неправија помали проблеми и во неколку други градови од земјава.

Би можело да ве интересира

Маж од Кичево истепал адвокат во судница

Уапсена e жена во Дебарско, предизвика пожар на сува трева

А1он

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Поради сообраќајка, во прекин е сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Жена од Штип го принудила внукот да питачи во Дебар

Се препорачува многу внимателно возење во Дебарско поради одрони на патиштата