Поплавена кардиологија – вода навлегла во салите каде се вршат интервенции

Од:

На Клиниката за кардиологија се поплавени подрумските простории, каде што се салите за интервенција, по силното невреме со пороен дожд, грмежи и ветер што попладнево околу 15.30 часот го зафати Скопје, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од ЦУК велат дека големо количество вода во подвозникот кај Тинекс, кај катната гаража на улицата Антон Попов го попречува одвивањето на сообраќајот.

На единствениот број за итни ситуации 112 имаат во ЦУК пријави дека се поплавени неколку подрумски простории на улицата Јордан Мијалков спроти зградата на „Лимак“, две куќи поплавени во населба Драчево на улицата Славка Динкова.

Има паднато повеќе гранки од дрвја при првиот налет на невремето на улицата Симеон Кавракиров, во населбата Мичурин во Аеродром паднало големо дрво на улицата што оштетило и возило во движење, а и паркирани возила.

Дрвото поплднево е отстрането од екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ на Град Скопје и улицата е проодна. Исто така, имало паднато голема гранка од дрво во близина на аптеката „Зегин“ на булеварот Свети Климент Охридски.

Од Регионалниот ЦУК Скопје стапиле во контакт со пожарникарите од Бригадата (БППЗ) на Град Скопје и биле испратени екипи за испумпување на водата од критичните точки, а и со надлежни за вакви ситуации од претпријатијата на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Велешките пожарникари извлекле мајка и дете од автомобил на поплавена улица

ВИДЕО: Дождот направи поплави во Велес, небото се спушти и над Скопје

(ВИДЕО) Невреме во Србија: Ветрови со сила на ураган носеа сè пред себе, наврна многу дож, а некаде падна и град

(ВИДЕО) Невреме во Германија: Загина 11-годишно дете, поплавени се подруми, патиштата се затворени

(ВИДЕО) Страшна бура го погоди Пожаревац

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тотален хаос во Пожаревац, сè е уништено, силни налети на ветер, штетата е огромна

Горан Наумовски