Попладнево повеќе делови од земјава зафатени од нестабилно време

Од:

Нестабилно време со силен ветер, грмежи и пороен дожд попладнево имаше во централните и деловите кон североистокот од зејава. Од УХМР наведуваат дека бранот со нестабилност се прошири преку источниот дел од земјата, а нова нестабилност се појави во Пелагонија и се премести преку Мариово кон долниот тек на Повардарието.

За девет часа најмногу дожд е наврнат во Струмица 40 л/м2, Крива Паланка 26, Ѓуриште 25, Охрид, Скопје Петровец и Виница девет, Демир Капија осум, Битола и Прилеп шест, Претор пет, Пожаране четири, Тетово три, Штип два и еден во Скопје Зајчев Рид.

До крајот на денот ќе биде променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Во вечерните и ноќните часови понекаде во западните подрачја ќе има услови за појава на дожд. Ветерот ќе намалува со интензитетот.

Променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд ќе биде и утре. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 22 степени.

Помалку услови за појава на дожд ќе има утре во западните делови, а потоа до вторник ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и засилен ветер претежно од јужен правец.

Би можело да ве интересира

Облачно со повремени локални врнежи од дожд

А1он

Променливо облачно со повремен дожд, температурите до 19 степени

Облачно со температури до 19 степени

Облачно и ветровито со температури до 17 степени

Катерина Ѓуровски

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Берово утрово најстуден град во земјава, измерени минус 1 степен