Пописот не смее да биде политичка тема, потребна ни е вистинска бројка, вели премиерот Мицкоски

Од:

Пописот не е и не смее да биде политичка тема, вели премиерот Христаијан Мицкоски, нагласувајќи дека „нас ни е потребна вистинска бројка за да знаеме како да ја развиваме државата, додека „политичките теми поврзани со проценти, со бројки, права итн., тоа е завршено“.

Електронски попис, според Мицкоски, треба да направиме од проста причина што треба да знаеме со што располагаме по критериумите дефинирани на Евростат.

-Јас не реков дека тоа ќе го направиме. Можеби повторно ќе биде теренски, можеби ќе бидеме ние многу богати па имаме пари да трошиме за теренски попис. Но, ќе повторам, не смее пописот да биде политичка тема, завршени се политичките теми поврзани со проценти, со бројки, права итн., тоа е завршено. И тоа никој не треба ниту да го спомене, ниту да го дебатира. Тоа е стекнато право и завршено. Нас ни е потребна вистинска бројка за да знаеме како да ја развиваме државата. Тоа е суштина, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на „Реплек“.

Според Мицкоски, ние во моментот работиме со податоци 23 години стари, а од друга страна велиме сме кандидат за ЕУ, сакаме во ЕУ.

-Не е ова политичка тема. Јас кога го споменав електронскиот попис тоа го споменав на основа на прашање од страна на пратеник во македонскиот парламент, кое што дојде како резултат на одлуката на Уставен суд да ја поништи методологијата користена при минатиот попис. Сега ако таа методологија не чини, ние фактички работиме со податоци од 2002. Реално, бидејќи ако Уставниот суд ја поништи таа методологија. Мораме да се одлучиме што навистина сакаме. Дали ќе се занимаваме со етнополитикантство, или ќе се занимаваме со развој. Не можеме и двете работи, изјави Мицкоски.

Мицкоски, смета дека опозицијата нема капацитети и единствената тема им е етничка политизација и етнополитикантство.

-Ги разбирам. Дали ќе ги оправдам, не ги оправдувам. Ќе видиме народот ќе даде одговор. Но, јас зборам за развој. Ако сакаме да се развиваме, тоа е правецот, изјави Мицкоски.

Би можело да ве интересира

МНР: Неаргументирани коментари не се европски, потребна е почит кон Македонија

Горан Наумовски

СДСМ: Дали Христијан Мицкоски спие мирно?

Горан Наумовски

Бугарија: Акцискиот план за заедниците во Македонија не треба да биде спор поради јазикот на документот

Мицкоски: Точно е дека како држава сме лидери во регионот и сме над европскиот просек

Мицкоски: Mоите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат научно-истражувачки трудови

Мицкоски: 2026 година ќе биде година на вкупна преобразба на Македонија

Горан Наумовски