ВИДЕО: Поништено гласањето на избирачко место во Ѓорче Петров, имало вишок гласачки ливчиња во кутијата

Од:

Три гласачаки ливчиња повеќе во кутијата отколку бројот на гласачи во избирачкиот список нотира ДИК во едно избирачко место во општина Ѓорче Петров. Станува збор за избирачкото место 2564, а комисијата на денешната седница донесе одлука да го разреши избирачкиот одбор и да поведе дисплинска постапка за членовите.

Според ДИК избирачкиот одбор направил пропуст во постпката на гласање и на негово место ќе се избере нов одбор за вториот круг избори. ДИК одлучи да се поништи гласањето на ова место но да нема прегласување.

Во селото Габер, општина Студеничани каде вчера немаше гласање повеќе од три часа, ДИК одлучи на ова избирачко место да се организира гласање на вториот круг избори на 5 мај.

Дик одлучуваше и по приговор за повреда на избирачко гласачко право во Берово.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?