Помошник генералниот секретар на ОН Шимоновиќ во посета на Македонија

Од:

Помошник генералниот секретар на Обединетите нации за човекови права Иван Шимоновиќ од денеска ќе престојува во дводневна посета на Македонија.

Шимоновиќ ќе биде придружуван од колеги од Одделението на ОН за политички прашања.

Според најавите, Шимоновиќ ќе оствари средби со највисоките претставници од Владата, лидери на политички партии, Народниот правобранител, претставници од граѓанското општество кои работат на унапредување на човекови права, агенциите на Обединетите нации и претставници од меѓународната заедница во земјата.

Тоа ќе биде прва официјална посета во земјава од висок претставник на Обединетите нации за човековите права од 1999 година.

Иван Шимоновиќ е помошник генерален секретар на Обединетите нации за човекови права од јули 2010 година.  Тој е раководител на Канцеларијата на Високиот комесаријат на Обединетите нации за човекови права во Њујорк.

Би можело да ве интересира

Бербок избрана за претседателка на Генералното собрание на ОН

А1он

Пендаровски во ОН: Одговорно визионерско лидерство, поголема емпатија, соработка и солидарност

А1он

Одобрени приоритетите за соработка меѓу С. Македонија и ОН за 2021-2025

Ана Ололовска

Заев: Пред 27 години нашата државност, посебност, нашиот идентитет и култура беа признаени и верификувани од целата меѓународна јавност

Ана Ололовска

Спасовски: Поминавме многу премрежја во минативе 27 години, да останеме обединети, силни и посветени и во овие тешки моменти

Ана Ололовска

Дваесет и седум години од приемот на земјава во ОН

Ана Ололовска