Помошник генералниот секретар на НАТО Бренгелман во посета на Македонија

Од:

Во редовна годишна посета на Република Македонија денеска претстојува МАП тимот на НАТО на високо политичко ниво предводен од помошникот на генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика, амбасадорот Дирк Бренгелман.

За време на посетата, предвидено е амбасадорот Бренгелман, да оствари средби со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, со претседателот на Владата Никола Груевски, со заменик претседателот на Владата задолжен за спроведување на Рамковниот Договор Муса Џафери, како и со министрите за надворешни работи Никола Попоски, за одбрана Талат Џафери и за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

На средбите, амбасадорот Бренгелман ќе се запознае со статусот на прогресот на Република Македонија, во однос на имплементацијата на реформските процеси во земјата во насока на целосна евро-атлантска интеграција и членство во НАТО.

По средбите со највисоките државни органи, помошник генералниот секретар на НАТО, ќе оствари заедничка средба и со амбасадорите на земјите членки на НАТО во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени

Полска предупредува на руска ескалација, НАТО вели армијата и оружјето се подготвени

(ВИДЕО) Фицо: Нема да војуваме поради некаков „член 5“

Борбен авион на НАТО собори дрон над Литванија

Медведев: „Русија може да го погоди Киев и НАТО, да остане само нуклеарна прашина“

НАТО ја повика ЕУ да го зголеми притисокот врз Русија и поддршката за Украина