Помош од општина Ѓорче Петров за самохраната мајка Венера А.

Од:

Општина Ѓорче Петров заедно со доброволци почна со санирање на штетата и расчистување на сметот од пожарот, кој на почетокот на јануари годинава зафати дел од станот на самохраната мајка Венера А. од оваа општина.

– Станот целосно ќе биде реконструиран и наскоро донесен во состојба за вселување. Неколку фирми и физички лица покажаа интерес да и помогнат на Венера во однос на опремување на станот со мебел и покуќнина, откако штетата целосно ќе се санира и просторот ќе се адаптира за живеење, соопшти општина Ѓорче Петров.

На Венера, која е привремено сместена во кумановско Табановце, неодамна општина Ѓорче Петров и донираше храна и облека за неа и нејзиното бебе со средства што ги собраа од хуманитарна забава, организирана на 14 февруари.

Општина Ѓорче Петров информира дека ќе и додели еднократна парична помош и побрзо обезбедување на документацијата која и е потребна по трагичниот настан, во кој почина нејзината мајка.

Би можело да ве интересира

Две жени се истепале пред продавница во Ѓорче Петров

Скопјанка пријавила обид за киднапирање, жена се обидела да ја грабне ќерка и

Хуманитарен пункт од утре во Скопје за настраданите семејства од пожарите

A1on

Апел за помош на малиот Војдан

Не се отворил падобранот: Пет лица во Газа загинаа од воздушната хуманитарна помош

А1он

Министерството за транспорт и врски со реакција на прес-конференцијата на Град Скопје

Предраг Петровиќ