Поморот на пчелните семејства и нелојалната конкуренција, теми на Годишното собрание на пчеларите

Од:

Околу 50 – 60 проценти, а кај некои производители на мед и 80-90 отсто достигнале загубите на пчелните семејства во текот на зимата. Кои се причините за ваквата состојба во пчеларството ќе се дискутира денеска, на Годишното собрание на Сојузот на пчеларските здруженија на Македонија.

Собранието ќе се одржи на Факултетот за ветеринарна медицина и на него, освен пчелари, ќе присуствуваат и претставници на науката, ветеринари и професори од Факултетот за земјоделски науки и храна, како и претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за храна и ветеринарство.

На Годишното собрание, информира Сојузот, ќе стане збор и за продажбата на фалсификуван мед во Македонија.

– Ќе разговараме за нелојалната конкуренција која дополнително ја комплицира ситуацијата во секторот. „Стоп за продажбата на фалсификуван мед“, ќе биде пораката што ќе ја испратиме од Собранието, велат пчеларите.

Би можело да ве интересира

Пчелите и медот да бидат заштитени со закон, граѓаните да научат како се препознава вистински мед

Ана Ололовска

Пчелните семејства даваат двојно помалку мед поради климатските промени

Ана Ололовска

Втор меѓународен натпревар за квалитет на мед „Tetovo honey awards 2020“

Ана Ололовска

Саем за мед во Скопје од денеска до недела

Ана Ололовска

Медот и пчелите да се заштитат со закон, бара здружението „Матица“

Ана Ололовска

И Атиџе на фестивалот „Денови на македонскиот мед 2020“

Ана Ололовска