Помалку од стотина млади на контра-протестот пред Влада

Од:

Не повеќе од стотина млади денеска се собраа пред Владата, на контрапротест против радикалниот ислам. Со пароли „Шиптарска полиција“ и „Чиста Македонија“, гневот на младите, претежно маскирани малолетници, беше истурен кон полицијата, но пред се кон медиумите кои сакаа да го регистрираат настанот и да ги пренесат нивните пораки.

Полицијата се обиде да спречи инцидент и ги смести новинарите во дворот на Владата, а во целата зовриена ситуација и збрка, едно младо момче во јуриш се обиде да ја нападне колешката Александра Дуковска, дописник на странски медиум.

Собирот, малолетниците го стартуваа затскриени во сенките спроти Владата. Ниту едно од момчињата, не сакаше да зборува во камера зошто се собрани, против кого протестираат и кој е иницијатор на протестот.

Набрзо атмосферата кулминираше и момчињата маскирани со качулки и маици, почнаа да маваат со камења и пластични шишиња кон новинарите. Медиумите, револтирани, зошто се нападнати и не можат да си ја извршат својата работа, го напуштија настанот.

Христена Антовска Јованчева

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите