Помалите партии се понудиле да ја напуштат средбата наместо Мицкоски, но тој одбил

Од:

Откако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вчерашната лидерска средба изјавил дека во знак на револт ќе го напушти состанокот бидејќи за прашањата за референдумот и изборот на членовите на ДИК сака да разговара само со четирите најголеми партии, претседателите на помалите партии се понудиле да станат, како на средбата би останале само претставниците од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и БЕСА, но претседателот на најголемата опозициска партија ја одбил оваа понуда и инситирал тој да си отиде, информира за „А1он“ еден од лидерите кои присуствуваа на вчерашната средба.

-Ние се понудивме да станеме за да останат четирите најголеми партии да разговараат за актуелните прашања, начинот на спроведување на референдумот и изборот на членовите на ДИК. Ние дури и почнавме да стануваме, но Мицкоски инсистираше тој да си замине. Всушност дојде за да си отиде, вели еден од претседателите на помалите партии.

Мицкоски исто така побарал од премиерот Заев новата лидерска средба да ја закаже за во понеделник, но претседателот на Владата изјавил дека тоа е доцна, односно средбата на четирите најголеми партии во Македонија мора да се случи денеска.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по еден час разговори ја напушти вчерашната лидерска средба. Тој изрази револт за предлогот на Владата за измени на Изборниот законик, со кој се предлага новиот состав на ДИК, наместо со двотретинско мнозинство, да се избира со помалку гласови од пратениците. Тоа, според Мицкоски, е недемократски.

Мицкоски исто така имаше забелешка за концептот според кој се одржуваше вчерашната средба односно зошто сите парламентарни партии не се поканети, туку само оние кои имаат повеќе од два пратеници во македонското Собрание.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Мицкоски до Филипче: Мерките даваат резултат, инфлацијата e ниска

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

(ВИДЕО) Мицкоски: Дизелот поевтин за 4, бензините за 2 денара по литар