Помали казни за злоупотреба на службена должност бара Владата – се туркаат измени на Кривичниот законик со „европско знаме“

Од:

Владата до Собранието предложила измени на Кривичниот законик по скратена постапка со кои се предвидува намалување на затворските казни за злоупотребата на службената должност и овластувања.  Предлозите денеска се на дневен ред на Комисијата за европски прашања.

Се предвидува намалување на казните и тоа:

– За членот 353 кога со злоупотреба на службената положба сторителите прибавиле значителна имотна корист, досега беше најмалку три години затвор, сега се предлага да се казни со од една до четири години, со што се поставува горна граница и се отвора можност за побрзо застарување на делата.

– Наместо ставот 5 од овој член во кој се предвидува најмалку пет години затвор за злоупотреба на службената положба при јавни набавки, се предлага нов став со кој „прибавената имотна корист се одзема“.

– за несовесно работење во службата, се предлага менување на казната наместо најмалку три години затвор би следувало од шест месеци до пет години затвор.

– Се предвидуваат и пониски казни за злосторничко здружување па наместо досегашните казни од една до десет години се предлагаат од една до три години затворска казна за оној кој ќе создаде група или банда за вршење кривични дела.

Од Владата, во образложението за предложените измени велат дека се работи за усогласување со актите на ЕУ, и  некои ургентни прашања, кои сметаат дека треба да бидат итно регулирани.

“ Со оглед дека се работи за обемен и сложен процес, постапката за негово донесување и примена ќе трае подолг временски период, заради потребата за усогласување и донесување на повеќе поврзани и зависни закони со Кривичниот законик (Законот за кривичната постапка, Законот за судовите, Законот за јавно обвинителство, Законот за прекршоците, Законот за извршување на санкциите и др.). Во меѓувреме се појавија одредени ургентни прашања за кои сметаме дека би било целисходно да бидат регулирани за пократок период. Затоа, се издвоени некои ургентни прашања и е изготвен Предлог на Закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик кој би бил донесен и чија примена би отпочнала за пократок период“, стои во образложението од Владата.

На следниот ЛИНК може да го видите предлогот

Би можело да ве интересира

До Владата засега не е пристигнато предлог-решение за правична застапеност, вели Митева

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари

ДУИ: Одлуката на ЕУ да ја одвои Албанија од Македонија е најголемиот неуспех за владата

Во Охрид во тек е меѓувладината седница на македонската и на унгарската влада

Влада: 250 милиони евра за 357 понудени проекти