Половина Скопје остана без струја

Од:

Десетина скопски општини останаа без струја. Аеродром, Кисела Вода, Карпош 1,2,3,4, Мичурин, Автокоманда, се само дел од местата каде граѓаните немаат електрична енергија. Во повеќе наврати, напонот паѓаше и се враќаше.

„А1он“ се обрати до ЕВН со прашање дали станува збор за голем дефект и дали брзо ќе се санира – но не доби одговор.

И дел од Центар остана без електрична енергија, но, таму, напојувањето беше стабилизирано за кусо време. Во Ѓорче Петров – струја има.

Непознато е дали проблемот е целосно решен, бидејќи на секои 15 минути, напон доаѓа, па одновно снемува.

Би можело да ве интересира

РКЕ: За трговија и снабдување со струја ќе треба гаранција од 100.000 евра

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 26 февруари 2026 изнесува 87,06 евра за мегават час, на МЕМО 41,27 евра за мегават час

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско