Половина од заболените минатата недела не пријавиле контакт со заразено лице

Од:

Минатата недела, односно за седум дена, регистрирани се вкупно 1.073 нови позитивни случаи на коронавирус од вкупно направени 9.995 тестови. Тоа значи дека 10,73 проценти од тестираните биле заразени. Повеќе од половина од нив во епидемиолошката анкета не пријавиле дека имале контакт со веќе заразено лице, ниту, пак, дека патувале во странство. Останатите, 423 заболени имале контакт со потврден случај, а регистрирани се и 22 лица со историја на патување во последни 14 дена.

Најголем дел од случаите или 42 проценти се од Скопје. Центарот за јавно здравје регистрира заболени од сите возрасни групи, но најзастапени се граѓаните над 60 години со 245 позитивни, а потоа и лица на возраст од 30 до 39 години, кои се вкупно 20 проценти, па следуваат заразените на возраст од 50 до 59 години со 19 проценти и од 40 до 49 години со 18 проценти. Најмал број на заболени е регистриран кај деца од 0 до 9 години и од 10 до 19 години.

Според извештајот на Центарот за јавно здравје, од заразените регистрирани изминатата недела 542 се женски лица, а 531 се машки лица. Од случаите кои се епидемиолошки истражени, регистрирани се 114 хоспитализирани, а кај 270 лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Од пријавените 36 смртни случаи во седум градови за една недела, најголемиот дел, или 17 лица, се од Скопје, а потоа, шест од Тетово, четири од Гостивар, две лица од Штип, четири од Струга, два од Куманово, еден од Дебар.

Како оздравени, Центарот  водат 1.017 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, откако добиле два негативни теста.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски