Половина час пауза во Собранието на самиот почеток на денешната седница

Од:

Собранието на Република Македонија денеска ја почна 12. седница, но на самиот почеток е дадена пауза од половина час по барање на пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Паузата е побарана за да може, како што рече Милошоски, да се договорат пратениците од парламентарното мнозинство за кој од двата закона поднесени од ВМРО-ДПМНЕ ќе дадат поддршка.

Во процедурална забелешка Милошоски рече дека како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржат законите за стечајните работници, за зголемувањето на минималната плата и за укинувањето на радиодифузната такса, но оти бараат да биде поддржан барем еден од двата закона што ги поднесуваат тие.

– Како коалиција „За подобра Македонија“ кажавме дека за сите три закони нема да правиме проблеми, но бидејќи и ние имаме два закона кои ни се важни, а важни се и за сите граѓани, би сакале конструктивноста на опозицијата да соодветствува и за возврат да имаме даден збор за макар еден од двата закона, рече Милошоски, додавајќи дека законите ќе почнат да се применуваат од следната година и оти сега нема да имаат финансиски импликации врз Буџетот.

На дневен ред на денешната седница се законите за зголемување на минималната плата, за решавање на статусот на стечајните работници и за укинувањето на радиодифузната такса, поднесени од парламентарното мнозинство. Како законски решенија предложени од ВМРО-ДПМНЕ се законите за зголемување на платите за вработените во јавната администрација за 5 проценти и за издавање вредносни бонови – ваучери.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска