Полов напад врз девојче од Прилеп

Од:

Петнаесетгодишно девејче од Прилеп повеќепати било силувано од братучед на нејзиниот татко. Случајот вчера, во 10:30 часот во полициската станица го пријавила мајката Ј.Т. (37) од Прилеп.

Како што информира денеска МВР, летото во 2012 година, Б.Т. од село Заполжани во период од две недели, во повеќе наврати, извршил полови напади врз девојчето кое тогаш имало 11 години. Во јули годинава сторителот повторно во неколку наврати го повторил делото.
Според мајката на девојчето, додека таа и нејзиниот сопруг Т.Т. биле да берат тутун, неговиот братучед Б.Т. влегувал во нивната семејна куќа во село Заполжани и во собата каде спиеле нивните деца извршувал полови дејствија врз нивната малолетна ќерка.

Силувањето се случувало се додека девојчето не му кажало на сторителот дека ќе го каже на нејзиниот татко. Оттогаш, па се до 2015 година Б.Т. немал никаков физички контакт со девојчето. Во тој период и испраќал смс пораки на мобилен телефон и пораки на Фејсбук. Девојчето, како што се наведува, поради срам и страв не го пријавила делото.
За настанот е запознаен јавен обвинител. ПС ОН Прилеп презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка