Полноќната лидерска средба без епилог

Од:

По два и пол часа, партиите во Клубот на пратеници, не успеаја да постигнат договор за излез од кризата. Она што е договорено е, да продолжат со преговорите.

Посредникот Питер Ванхауте изјави дека дефинитивен договор нема, но дека разговорите биле корисни, четирите политички партии се договориле да ги продолжат преговорите. Посредникот ќе води поединечни разговори со работните групи.

Партиите не успеале да ги усогласат ставовите за надлежностите на министрите и замениците министри, а отворени останале прашањата за Законот за бомбите и Законот за заштита на свиркачите.

На средбата Премиерот Груевски беше придружуван од Зоран Ставрески, Мартин Протуѓер и Илија Димовски. Лидерот на опозицијата Зоран Заев беше со заменичката Радмила Шекеринска и Цветанка Иванова. На средбата присуствуваа и лидерите на ДУИ и ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи со своите соработници.

Разговорите на лидерите се одвиваа со присуство на белгискиот експерт Питер Ванхауте, шефот на мисијата на ЕУ во Македонија, Аиво Орав и заменикот на амбасадорот на САД Џес Бејли.

Би можело да ве интересира

На СДСМ и ДУИ малку им е промената на Уставот, сега и преку Манифест ќе ги заштитуваат Бугарите

Орце Костов

Маричиќ: Бугарија нема да извади нови барања ако го промениме Уставот до ноември

Орце Костов

Синдикатите на преговори: Работникот бара 100 евра покачување, а не 600 денари како што нуди Владата

Орце Костов

Русија: Во моментов нема основа за мировни преговори

А1он

(ВИДЕО) Пратеникот Биков од ГЕРБ: Во Македонија има криза на идентитетот кој е понов од бугарскиот

Орце Костов

Бугарски дипломати: „Тоа што ќе има ѕвездичка над македонскиот јазик е голем гаф на Генчовска

Орце Костов