Полковник Орце Поповски е новиот декан на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“

Од:

Полковник Орце Поповски денеска на свечена седница на Наставно-научниот совет на Воената академија, во присуство на министерот за одбрана Талат Џафери ја презеде функцијата декан на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“.

Министерот Џафери ја нагласи подговеноста на МО да даде целосна поддршка за наставно-научниот кадар во Акадмеијата за да ги реализира сите обврски кои произлегуваат од Законот за воена академија.

Новиот декан Поповски пак вети дека ќе настојува Воената академија да се етаблира како високообразовна и научно-истражувачка установа со регионален карактер.

Според Џафери, суштинско е тоа што за разлика од поставеноста на Воената академија пред 2009 година, питомците сега се здобиваат покрај дипломата за армиски офицери и со цивилна, со што им се овозможува да се определат и за други професии.

– Во Законот за воена академија е предвидена и можноста за создавање кадри за потребите на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи. Досега тие две институции ја немаат искористено таа можност за специфичните нивни кадри да ги школуваат во Воената академија, изјави по примопредавањето на функцијата министерот Џафери и ги повика овие институции да ја искористат дадената можност и да пријават кандидати за нивните потреби, за школување во цивилниот систем на Воената академија.

Деканот Поповски заблагодарувајќи им се на сите кои помогнаа во 2009 година Воената академија да се рестартира, истакна дека академија со несмален интензитет продолжува да ги извршува основните функции и стратешки зацртани цели, пред се подигањето на квалитетот на образовниот процес.

– Имам повеќе приоритети, кои се произлезени од анализите и самоевалуациите правени во Воената академија во изминатите години. Пред се, мора да се подигне квалитетот и на наставно-научните кадри, но и на наставно-образовните програми, како и да се зајакне меѓународната соработка, особено во делот на летниот кампус во кој учествуваат многу држави со свои студенти и питомци, рече деканот Поповски.

Би можело да ве интересира

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период

Отворен ден на Армијата по повод четири години од членството во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата

Армијата за 230 милиони евра ќе се опреми со осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“

МО: Насковски уште во мај 2023 година е разрешен од функцијата претседател на синдикалната организација НСПВ

НСПВ: Министерството за одбрана ја сопре членарината на синдикатот и на тој начин го оневозможува синдикалното делување

Горан Наумовски