Полјаци шверцувале марихуана

Од:

Вчера, на граничниот премин Ќафасан, во заедничка акциска контрола на Царинската управа на Република Македонија и на МВР, била пронајдена и одземена 1,6 килограм опојна дрога марихуана.

Притоа, три лица, полски државјани, се приведени, а еден е во бегство. Полските државјани биле детално контролирани при обид за влез во Република Македонија со нивното патничко моторно возило, марка „пежо“, со полски регистарски ознаки.

При контролата, двајца од нив се упатиле кон тоалетот, при што, во близина на контејнерите, од џебовите извадиле и оставиле две пакувања обвиткани со леплива лента. Тоа било забележано од царинските и од полициските службеници, кои се упатиле кон двајцата полски државјани. Во истиот момент, лицето E.Д.В. (28) почнало да бега, упатувајќи се кон каменоломот, по што лицата С.K.K. (29), Л.Д.З.(62) и Б.Д. (28) веднаш се приведени. Пронајдената дрога е одземена и предадена на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

Во тек се мерки за пронаоѓање на полскиот државјанин, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка