Политиката на свиткана кичма на Заев донесе штетни договори од кои и денес Македонија едвај глава крева реагира ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Венко Филипче наместо да пишува басни и писанија на социјалните мрежи во кои ни тој самиот не верува, треба да одговори дали чувствува вина што последиците од катастрофалните договори Македонија ги чувствува и денес велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Политиката на свиткана кичма на сиамскиот близнак на Венко, Зоран Заев донесе затруени плодови и штетни договори од кои и денес Македонија едвај глава крева. Братот по криминал на Филипче, Заев додека со едната рака се колнеше во идентитетот, со другата потпишуваше договори и мака немаше. Членството во НАТО не е придобивка на Венко, но придобивка од Венко се десетици илјади луѓе кои ги загубија животите поради неспособниот Венко. Венко Филипче наместо да се занимава со висока политика треба да одговори дали уште смета дека кабелот е виновен за запалената модуларна болница, се вели во реакцијата од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски лаже дека СДСМ донела одлука за влез на Алта банка

(ВИДЕО) Надзорна расправа: Со одлука на владата на СДСМ во 2023 бил дозволен влез на Алта банка, вели Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Кој е Мицкоски да продава банки и кој би купил пропадната банка