Политичко-безбедносниот комитет на ЕУ со поддршка за евроатланските интеграции на Македонија

Од:

Амбасадорите на Политичко-безбедносниот комитет на Европската унија од Брисел денеска во Скопје на средбата со премиерот Зоран Заев и министри во Владата ја пренеле пораката дека ја поддржуваат Македонија во евроатланските интеграции и го реафирмирале ставот дека Западен Балкан е приоритет за ЕУ.

На средбата што се одржа во Клубот на пратениците, европските претставници изразиле поддршка за реформските чекори што ги презема Владата во рамки на Планот 3-6-9 и за изградбата на независни институции.

Владината прес-служба соопшти дека претставниците од ЕУ ги поздравиле и напорите на Владата за развој на добрососедски односи, како и за решавањето на важни прашања од државен и граѓански интерес во соработка со цивилниот сектор и опозицијата.

Премиерот Заев истакнал дека има иднината на граѓаните на Македонија е во Европската унија и во НАТО.

– Ќе продолжиме да даваме причини за натамошна поддршка од нашите партери од меѓународната заедница. Иднината на граѓаните и на Република Македонија е во Европската унија и во НАТО. Градиме институционални капацитети во правосудството, тајните служби, јавната администрација, медиумите. Градиме добри односи со соседите – по договорот со Бугарија, работиме на решавање на долгогодишниот спор со Грција. И од овие причини, имам позитивни очекувања за напредок во европските и НАТО аспирациите на Република Македонија, рекол Заев.

Од страна на министрите во македонската Влада поединечно се презентирани позитивните исчекори направени во правосудството, одбраната, законските измени со коишто треба да се спречи злоупотребата на системот за следење, воведувањето механизми за ефикасно спречување на криминалот и корупцијата, за борбата против тероризмот, деполитизацијата и департизацијата на полицијата….

– Ќе продолжиме да ја зајакнуваме институционалната соработка и со државите од регионот, но и со ЕУ, за сите важни прашања, како за нашата држава, така и за регионот и за Европа, порачал Заев.

На средбата станало збор и за безбедносните предизвици во регионот, Европа и светот, а во врска со прашањето со миграциската криза поздравена е определбата таа да се решава во согласност со ставовите на ЕУ.

Покрај премиерот Заев на состанокот присуствувале и заменик претседателката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, заменик претседателот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, заменик претседателот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Би можело да ве интересира

Владата бара итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел на правосудниот испит

Горан Наумовски

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски