Политичката состојба драматична

Од:

Полтичката состојбата во Македонија станува драматична. Пратениците од опозицискиот фронт на ноќна стража во одбрана на демократијата и да не дозволат неразумно трошење на народните пари.

Не отстапуваат од намерата да ја спречат Владата, како што велат да спроведе партиско-полицискиот пуч и кршејќи го Уставот и Деловникот да го изгласа буеџтот за 2013 година, за кој што велат дека не е народен туку само за луксузирање на власта.

Одлука за наредните чекори вечерва ќе донесе Централниот одбор на партијата, заедно со партнерите во коалицијата Сојуз на иднината.

„Груевски и ВМРО ДПМНЕ, намерно и свесно, продолжуваат да ја туркаат Македонија во многу погрешна насока. Од една страна глумат лажна конструктивност, а од друга страна сакаат да спроведат партиски пуч, во кој ќе се поништи Устав, Закон, Деловник, ќе се поништи парламентарната демократија“, се вели во соопштението на СДСМ.

Закажана за 16, па со доцнење, Владата , иако не е официјално потврдено, има намера да предложи предлог-буџет, иако работата не е завршена на двете собраниски комисии.

ФОТО: Плусинфо

Би можело да ве интересира

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата