Политичката ситуација – тема на состанокот помеѓу Жерновски и Камсваг

Од:

Градоначалникот на општина Центар денеска оствари средба со Н.Е. Нилс Рагнар Камсваг, норвешки амбасадор во Белград, задолжен за Македонија.

„Градоначалникот Жерновски го запозна норвешкиот амбасадор Камсваг за состојбите и работењето на општина Центар.

Разменети се мислења за политичката состојба во Р. Македонија по лидерската средба во Брисел. Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски го информираше Камсваг за следните чекори на опозицијата во периодот кој претстои.

Амбасадорот Камсваг ги изнесе своите гледишта и ставови за тоа што се очекува од политичките фактори во државата, а особено што се очекува и што треба да направи актуелната власт“, соопштуваат од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек