Полицискиот час ќе се укине ако до 15 јуни продолжи да опаѓа бројот на заболени, најави Филипче

Од:

На следниот состанок Комисијата за заразни болести е можно да го укине полицискиот час кој е на сила и движењето е забрането од полноќ до четири часот наутро. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека следниот состанок на Комисијата ќе биде пред 15 јуни, а ново олабавување на мерките веќе се подготвува посебно откако во изминатите 24 часа во скопските клиники не бил примен ниту еден нов заболен од Ковид – 19 .

„Тоа е одлична информација што ја видовме утрово. Трендот е еднаков и во другите градови, нема притисок во болниците. Следниот состанок на Комисијата за заразни болести ќе биде пред 15 јуни. Веќе сме во преговори со организаторите на настани, посебно за оние настани што треба да се одржат во текот на летните месеци за подготовка на протоколите. Доколку продолжат овие бројки по 15 јуни ќе има дополнителни олабавувања на мерките, тука пред се мислам на полицискиот час и како и на препораки за другите настани“, рече министерот.

И покрај паѓањето на бројките на лица на кои им треба болничко сместување како и лица заболени од Ковид – 19, министерот Филипче нагласи дека здравствениот систем ќе продолжи да се подготвува за евентуален нов бран на коронавирус. Акцент стави на законските измени со кои болничките капацитети на приватните клиники се ставаат на располагање на јавното здравство доколку има потреба за тоа.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски