Полициски службеник нападнат при интервенција

Од:

Полициски службеник од полициското одделение Петровец, вчера околу 23:10 часот, бил нападнат при интервенција за физички напад.

Како што информира МВР, М.С.(43) од Скопје, кој бил под дејство на алкохол физички ги нападнал неговиот брат и снаа, а при обид на полицискиот службеник да интервенира М.С. го нападнал удирајќи го со глава во пределот на носот.

М.С. е лишен од слобода во полициска станица Гази Баба, а полицискиот службеник побарал лекарска помош во Ургентен Центар Скопје.

Против сторителот ќе биде поднесена пријава за напад на полициски службеник.

Би можело да ве интересира

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР