Полициски службеници спасија девет лица кои се изгубиле на Попова Шапка

Од:

Денеска во 10 часот и 30 минути, двајца тетовци на возраст од 15 и 19 години во СВР Тетово пријавиле дека поради неповолните временски услови и густата магла на Попова Шапка, во близина на новиот ГЕ ски-лифт, каде се искачиле да скијаат, се изгубиле и потоа не знаеле каде точно се наоѓаат, информира МВР.

– Полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка и екипи од „Елем Турс“ веднаш презеле соодветни мерки за нивно пронаоѓање и ги пронашле двајцата тетовци, како и уште 7 други лица од Скопје, Куманово и соседно Косово кои, исто така, се изгубиле во тој реон, соопштува Министерството за внатрешни работи.

Деветте лица на возраст од 15 до 45 години, околу 12 часот и 30 минути се безбедно вратени.

Би можело да ве интересира

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски

Најстудено на Попова Шапка, а најмногу дожд во Тетово

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он