Полициски синдикат: Законот за бранителите е моралана сатисфакција за страдањата

Од:

Македонскиот полициски синдикат го поддржува носењето на предложениот закон за посебните права на бранителите како логична, правична и хумана манифестација на грижата на македонската држава, државните органи и сиот македонски народ кон оние кои застанаа на браникот на нејзината самостојност, интегритет и безбедност, соопшти денеска Македонскиот полициски синдикат.

Според синдикатот, законот е од огромно значење и за сегашните и идните припадници на безбедносните сили на Македонија, бидејќи ќе придонесе за јакнење на довербата и сигурноста кои тие ја чувствуваат кон својата татковина, државните органи и своите сограѓани.

Предлогот за донесување на закон за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и за членовите на нивните семејства е предложен од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и со него ќе се уредат нивните посебни права и правата на членовите на нивните семејства. Тоа, како што се наведува во Предлог-законот, ќе претставува морална и материјална сатисфакција за претрпените страдања и болки од воениот конфликт во 2001 година.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски