Полициски час од четврток, почнува во 21 часот

Од:

Заради спречување на вирусот надвор од регионите каде што се појавија жаришта на заразата, Владата донесе одлука за полициски час, целосна забрана за движење во Скопје и сите скопски општини, Тетово, Куманово, и Штип. Забраната ќе важи од 21 часот во четврток до 8 јуни во понеделник до 5 часот наутро, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.

Забраната за движење важи и во петок, сабота и недела во другите градови секој ден од 16 часот до 5 часот изутрина.

Се забранува посетата на гробишта, аптеките ќе работат непречено. Остануваат на важење сите издадени дозоволи за време на претходните забрани за движење, посебно за економските оператори, останува дозволата за прошетка на милениците, забраната за движење не важи за лицата со попреченост и нивните придужници, кажа Филипче.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска