Полициски час ќе има, но колку е тоа ефикасно-Скопје уште утре се сели во Охрид, Дојран, Маврово

Од:

Владата неофицијално ќе ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести и под карантин уште од утре ќе ги стави Скопје, Куманово, Штип и Тетово. Дали ваквата мерка ќе даде резултати или повторно ќе се отворат и нови жаришта на други места со оглед дека карантинот ќе ги натера голем дел од жителите да излезат од сите овие градови уште утре претпладне.

Ако се има предвид дека многу од жителите нема да останат во четиридневен карантин во Скопје, но и во другите градови, туку ќе се упатат кон околните викендички, во Охрид, во Струга, Маврово, тогаш која е поентата на ваквата мерка и казнување на сите жители на Скопје со долг карантин?

За ваквата мерка има и спротивставени мислења дали не треба да се воведе толку строг карантин, а посебно кон тие што со ништо не придонеле за новата ситуација или пак треба само да се блокираат новите жаришта. Дополнително, од некои градови, посебно како Охрид, Дојран и други места негодуваат дека на овој начин и со голем наплив на луѓе и непромислено, постојано се изложуваат на опасност од вирусот иако до сега добро се држат настрана од епидемијата.

Би можело да ве интересира

141 позитивен од 866 тестирани за Ковид-19, еден починат

60 нови случаи на Ковид-19, двајца починати

77% од новите случаи и 79% од хоспитализираните со Ковид 19 се невакцинирани

3611 активни заразени со Ковид – 19, најмногу во скопски Чаир

А1он

Во Кичево стабилно, евидентирано едно ново лице во самоизолација

Ана Ололовска

Инфективно одделение-Охрид: Не исполнуваме услови за третирање тешки пациенти со коронавирус

Кристијан Ландов