Полициска контрола во четири обложувалници во тетовско

Од:

Четири објекти во Тетово, Нераште, Ратае и Камењане кои работеле како спортски обложувалници без потребните документи вчера во периодот од 17 до 24 часот биле контролирани од полицијата во содејство со Управата за јавни приходи, информира денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

При контролата, како што информира, биле пронајдени, фотодокументирани и со потврда одземени 16 телевизори, 6 компјутерски куќишта, 7 монитори, 6 мали печатачи, 3 читачи, 3 апарати за игри со кучиња, 2 тастатури и исто толку мауси.

Полцијата веќе  идентификувала  двајца од организаторите на игрите на среќа и тие денеска ќе бидат повикани во Секторот за внатрешни работи Тетово, рече Јосифовски и додаде дека по целосното расчистување на сите поединости поврзани со четирите обложувалници против нивните сопственици ќе следуваат соодветни пријави.

Вчерашната контрола е дел од континуираните активности на надлежните институции за откривање и законско санкционирање на нелегалните спортски обложувалници во тетовско кои приредуваат игри на среќа без потребните документи.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа