Разбиена криминална група на дилери на дрога и оружје во Струшко

Од:

Шест лица се уапсени, а едно е во бегство при денешната полициска акција во Струга и Струшко за сузбивање криминална група која се занимавала со недозволена продажба на дрога и оружје.

МВР соопшти дека карактеристично за групата е тоа што членовите се лица кои веќе се осудени и издржувале казна затвор во Казнено поправниот дом од отворен вид Струга

– При преземените мерки и активности лишени се од слобода лицата М.К., Р.И., Г.Р., Б.Х., Д.Б. и А.Р, а А.Р. е во бегство. Дополнително лишено е од слобода и лицето Р.К. кое се бара по распишана потерница за издржување казна затвор од 13 години за „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Во истрагата е утврдено дека на криминалната група и помагал и инспектор во Полициската станица Струга и против него ќе бидат преземени соодветни мерки, информира Мнистерството за внатрешни работи.

Пред постапувањето на полициските служебници, како што е наведено, пред затворот во Струга биле забележани две непознати лица со патничко моторно возило „Форд фиеста“ со албански регистарски таблици и при обидот да бидат легитимирани, не поседувале документи за идентификација. Во возилото била пронајдена марихуана и лицата биле приведени.

Во рамките на акцијата, според информацијата, извршени биле претреси на повеќе локации, како и во КПД Струга.

– При претресите во четири објекти во селото Велешта кај лицата А.Р., К.М., И.Р и Г. Р. пронајдени се четири пиштоли со соодветни рамки, сите исполнети со куршуми. Претрес е извршен и во домовите на Д.Б. во село Ливада, Б.Х. во село Радолишта и во стан во центарот на Струга каде престојува лицето К.М., при што кај дел лицата се пронајдени парични средства од околу шест илјади евра, како и други материјални докази за сторени кривични дела. Претсетес е извршен и во службените простории во затворот и во собите каде лицата А.Р. и К.М. издржуваат казна затвор, при што е пронајдена и одземена документација, соопшти МВР.

МВР, како што е наведено, ќе продолжи со активностите за обезбедување материјални докази за други лица поради постоење на основи за сомнение дека се сторители на кривични дела, злоупотреба на службена положба и по целосно документирање на случајот ќе биде известено надлежното јавно обвинителство.

Би можело да ве интересира

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје

(ВИДЕО) За да се избегнат грешки при испраќање на казните од „Безбеден град“, возачите ќе добиваат код

МВР: Лажна е дојавата за поставени бомби во трговски центар во Скопје

А1он

МВР: Уапсени се повеќе лица дел од нив доктори на клиники и сопственици на дерматолошки ординации

Акција против нелегални медицински третмани: Полицијата во повеќе здравствени институции прави контроли

Горан Наумовски

МВР: Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица

А1он