Полициска акција во Полошко: Откриени 17 странски државјанки

Од:

Полицијата синоќа од два угостителски објекти во Гостиварско и Тетовско привела 17 странски државјанки и еден сопственик на локал.

Според СВР Тетово, синоќа и изутрината полициски службеници извршиле акциска контрола во угостителски објект, лоциран на регионалниот пат Тетово-Фалише, сопственост на А.З. (50) од Тетово.

– Во објектот биле затекнати 16 странски државјанки, кои работеле како танчерки и пејачки. Од нив 14 биле од Република Албанија, една од Република Србија и една од Република Косово, кои биле на возраст од 18 години до 33 години. Странските државјанки, како и сопственикот А.З. биле приведени во полициската станица во Тетово за понатамошна постапка, велат од СВР Тетово.

Во истиот период од 23:00 до 3:00 часот контрола била извршена и во угостителски објект во селото Чегране (Гостиварско), сопственост на А.Д. (51). Во објектот биле затекнати шест женски лица. Пет од нив биле македонски и една албанска државјанка. За нив е утврдено дека работеле како пејачки и танчерки. По акцијата, заедно со сопственикот биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.

Изминатиов месец на поширокото полошко подрачје откриени се близу сто странски државјанки, кои го злоупотребиле туристичкиот престој и спротивно на целта и нелегално работеле како пејачки, танчерки, келнерки или друг угостителски персонал.

Речиси сите странски државјанки, депортирани се во нивните матични земји, откако претходно биле изведени пред судија за прекршоци, кој им изрекол парични казни и времени мерки-забранет влез во Република Македонија од една година.

Би можело да ве интересира

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје

(ВИДЕО) За да се избегнат грешки при испраќање на казните од „Безбеден град“, возачите ќе добиваат код

МВР: Лажна е дојавата за поставени бомби во трговски центар во Скопје

А1он

МВР: Уапсени се повеќе лица дел од нив доктори на клиники и сопственици на дерматолошки ординации

Акција против нелегални медицински третмани: Полицијата во повеќе здравствени институции прави контроли

Горан Наумовски

МВР: Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица

А1он