Полицијата заплени над 4,3 тони марихуана, дрогата е проценета на над 10 милиони евра

Од:

МВР и надлежен Јавен Обвинител од ОЈО Гостивар, по претходно издадена Наредба од Основен суд Гостивар од правно лице во село Врапчиште – Гостивар, одземена е марихуана во вкупна количина од 4.341 килограми, вредна над 10 милиони евра.

„Наведената количина е одземена по донесена Одлука на Владата на РСМ за одземање на Одобрението за одгледување на канабис за медицински цели на наведеното правно лице поради констатирани неправилности во работењето. Имено, во изминатиот период од страна на полициски службеници од Одделот за крим полиција и ОВР Гостивар во координација со Комисијата за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на канабис за медицински цели беше извршена вонредна контрола при што се констатирани бројни неправилности во работењето, за што од страна на ОВР Гостивар до ОЈО Гостивар е поднесена кривична пријава по член 95 в од Законот за контрола на опојни дроги. По донесувањето на одлуката на Владата на РСМ, 4.341 килограми наркотична дрога марихуана е одземена и сместена во Агенција за управување со одземен имот. Министерството за внатрешни работи заедно со Комисијата од Министерството за здравство и во иднина ќе продолжи со контроли во правните лица кои поседуваат одобренија за одгледување на канабис за медицински цели со цел утврдување на евентуални неправилности во работењето“, извести полицијата.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсени се двајца дилери од Прилеп, пронајдена е дрога и пушка

Претрес во Кичево, пронајдена дрога, приведени двајца дилери

А1он

Претрес во Мала Речица, пронајдена е дрога

Горан Наумовски

Уапсен дилер од Штип, кај него пронајдена дрога и голема сума пари

Горан Наумовски

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога

Орце Костов

Криминалци од Србија продавале дрога и оружје во Данска, заработиле над два милиони евра