Полицијата заплени 40.000 петарди и ракети за огномет во Тетово, уапсени тројца што ги продавале

Од:

Во уште една акција во текот на попладнето тетовската полиција заплени поколу 30 илјади парчиња пиротехнички средства. Тие се најдени кај 41 годишник од Мала Речица во објект во градот.

-Околу 17.30 часот од страна на полициски службеници од полициска станица Тетово во објект на улица Илинденска, сопственост на лицето С. М. (41) од М.Речица Тетово пронајдени му се и одземени 27 594 парчиња разни пиротехнички средства. Лицето е лишено од слобода за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.

Во текот на денот беа приведени двајца други тетовци за пиротехника. Вчера тетовската полиција приведе 27 годишен жител на Селце, тетовско кај кого беа најдени над 9 илјади парчиња пиротехнички средства и петарди.

Согласно члeн 31 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир е предвидена глоба од 200 до 500 евра во денарска противвредност. Дистрибуирање на пазарот во поголеми количини на пиротехника е спротивно на Кривичниот законик и за тоа дело е предвидена казна затвор три до пет години.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он