Полицијата заплени 30 килограми марихуана во село во Кичевско

Од:

Триесет килограми марихуана се пронајдени вчера при полициски претрес во домовите на две лица во селото Аранѓел, во Кичевско.

Припадници на кичевската полиција, криминалистичката полиција од Охрид и од Единицата за недозволена трговија со дрога по претходно добиени оперативни сознанија извршиле претрес во домовите на лицата А.А. (45) и Е.А.(47).

Во приземните простории на куќата сопственост на А.А. биле пронајдени три најлонски кеси во кои имало три големи пакувања – црни најлонски вреќи завиткани со селотејп трака, додека во спалната соба во куќата на Е.А. била пронајдена една црна најлонска кеса полна со зелена растителна материја.

Пронајдените предмети биле одземени и предадени на вештачење во МВР во Скопје, а двете лица се приведени.

По целосно документирање на случајот, против двете лица ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он