Полицијата во Скопје исклучила 33 возачи од сообраќај

Од:

Полицијата открила 29 возачи кои ноќеска возеле под дејство на алохол, а четворица возачи одбиле проверка за присуство на алкохол.

Акцијата, како што информира денеска МВР, од 00:00 до 05:00 часот ја спроведувале полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје.

– Овие 33 возачи се исклучени од сообраќај, времено им се одземени возачките дозволи и поднесени се мандатни платни налози. Откриени се и 85 останати прекршоци за кои се издадени 41 мандатни платни налози и 44 прекршочни платни налози, се вели во соопштението од МВР.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје вчера спровело акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 125 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина. Откриени се и 58 останати прекршоци за кои се издадени 23 мандатни платни налози и 35 прекршочни платни налози.

Полицијата вчера, во периодот од 23:00 часот до 05:00 часот изутринава спровела акциска контрола за откривање прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли на територијата на Скопје и притоа откриени се осум возачи кои сториле прекршоци. Откриени се и 82 останати прекршоци за кои се издадени мандатни и прекршочни платни налози.

Би можело да ве интересира

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ

Снег во Дебарско, прекини во снабдувањето со струја